Истражување: Менталното здравје на младите во Франција влошено за време на пандемијата на Ковид-19
Истражувањето ги опфатило податоците од националната база на податоци за здравствено осигурување во Франција од јануари 2016 до јуни 2023 година, во која биле опфатени над 20 милиони луѓе на возраст под 25 години
ИСТАНБУЛ (АА) – Новото истражување објавено денес открива дека менталното здравје на младите луѓе во Франција дополнително се влошило за време на пандемијата на Ковид-19, која започна кон крајот на 2019 година и го зафати целиот свет, јавува Анадолу.
Истражувањето, објавено во медицинското списание „ЏАМА нетворк опен“, открива како глобалната пандемија на Ковид-19 влијаела на менталното здравје на младите луѓе.
Истражувањето ги опфатило податоците од националната база на податоци за здравствено осигурување во Франција од јануари 2016 до јуни 2023 година, во која биле опфатени над 20 милиони луѓе на возраст под 25 години.
Податоците покажаа значително зголемување на барањата за терапија, лекување на ментално здравје, хоспитализација и употреба на антидепресиви кај младите луѓе, особено за време на периодот на Ковид-19.
Истражувањето исто така покажа дека, додека употребата на лекови за ментално здравје се зголемила кај сите возрасни и полови групи, зголемувањето било многу поизразено по пандемијата отколку пред нејзино појавување.
Според наодите, препишувањето лекови како што се литиум и клозапин, кои се користат за тешки ментални здравствени состојби, се зголемило почнувајќи од 6-годишна возраст.
Истражувањето покажа дека овие наоди укажуваат на потребата од сеопфатен пристап за решавање и на несоодветноста на здравствениот систем и на социјалните прашања кои влијаат на менталното здравје на младите.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.