Hasan Esen
02 Мај 2020•Ажурирај: 03 Мај 2020
ЛОНДОН
Во Велика Британија во последните 24 часа починаа 621 лице поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) со што вкупната бројка на починати во земјата се искачи на 28.131, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Британскиот министер за локална самоуправа, Роберт Џенрик, на дневна прес-конфренција истакна дека во последните 24 часа бројот на починати поради Ковид-19 се зголеми од 27.510 на 28.131.
Според него, бројот на случаи со овој вирус со раст од 4.806 се искачи на 182.250, додека бројот на извршени тестирања во земјата изнесува 1.129.907.
Меѓу другото, тој нагласи дека ќе формираат фонд во вредност од 76 милиони британски фунти со цел помагање на жртвите на семејно насилство и трговија со луѓе.