Yusuf Özcan
19 Јуни 2020•Ажурирај: 20 Јуни 2020
ПАРИЗ
Бројката на починати лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 29.617 лицa, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Овие информации преку соопштение ги соопшти Министерството за здравство на Франција.
Потврдени се уште 811 нови случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 196.857.
Во болниците од Ковид-19 се лекуваат 9.970 лицa, од кои 752 се наоѓаат на интензивна нега.
Од Ковид-19 се излекувани уште 230 лица, со што вкупната бројка на излекувани лица од овој вирус се искачи на 74.117.
Во последните 24 часа починаа 14 лица поради Ковид-19, додека вкупниот број на починати во земјата како последица на овој вирус, се искачи на 29.617.