Şenhan Bolelli
23 Мај 2020•Ажурирај: 24 Мај 2020
МАДРИД
Во Шпанија во последните 24 часа починаа 48 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 28.678 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за здравство на оваа земја.
Денес во Шпанија, со исклучок на Каталонија, починаа 48 лица од Ковид-19, со што вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 28.678.
Во последните 24 часа откриени се 361 случај со овој вирус, со што вкупниот број на случаи во земјата порасна на 235.290.
Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, на прес-конференција истакна дека по завршување на оваа пандемија, ќе се врши истражување околу тоа зошто старите лица во домовите за стари лица се најмногу погодени од Ковид-19 во земјата.