култура и уметност

Во Тајван отворена јапонската уметничка изложба за златната рипка „Уметнички аквариум“

Изложбата ја прикажува традиционалната јапонска уметност на почит кон златната рипка кој датира од периодот Едо (1603-1868)

Ekipa  | 26.01.2025 - Обновена : 27.01.2025
Во Тајван отворена јапонската уметничка изложба за златната рипка „Уметнички аквариум“

ТАЈПЕЈ (АА) - Јапонската уметничка изложба за златната рипка насловена „Уметнички аквариум“ е отворена денес во Тајпеј, маѓепсувајќи ги посетителите со својот уникатен спој на традиционална и модерна уметност, јавува Анадолу.

Изложбата ја прикажува традиционалната јапонска уметност на почит кон златната рипка кој датира од периодот Едо (1603-1868) и вклучува модерни елементи како што се живописни, вибрантни, постојано променливи светла, музика, мирис и теми од јапонската култура.

Посетителите можат да се восхитуваат на прекрасните златни рипки изложени во комплексно дизајнирани аквариуми, нудејќи едно незаборавно искуство за сетилата кое ја спојува историјата со современата уметност.

Инсталацијата „Уметнички аквариум“ ќе биде отворена за јавноста до 31 мај 2025 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.