Ekipa
27 Декември 2018•Ажурирај: 28 Декември 2018
МУНБИЧ/АНКАРА (AA) - ЛЕВЕНТ ТОК/ОМЕР КОПАРАН -
Терористичката организација ЈПГ/ПКК отвора нови тунели во околината на центарот на Мунбич, кое е под окупација, на западниот дел на реката Еуфрат во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Терористичката организација ЈПГ/ПКК, која во август 2016 година со воздушна поддршка и поддршка од оружје на САД го зазеде ова подрачје од рацете на терористичката организација ДЕАШ, врши подготовки против можната воена операција на Турција.
Во видеоснимките на АА од внатрешноста на некои тунели во Мунбич се забележува дека продолжуваат ископувањата, со цел проширување на тунелите.
Во осветлените тунели се наоѓаат градежни колички и опрема, и низ нив човек лесно може да се движи со своето оружје.
Терористите преку овие тунели имаат за цел да се засолнат и да се заштитат од воздушните напади.
Во видеоснимките кои АА ги објави на 5 октомври, се забележуваат рововите и засолништата на ЈПГ/ПКК во околината на центарот на Мунбич, додека на сателитските фотографии се забележуваат тенки бели линии на овие места.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, говорејќи за ова претходно истакна: „Сега копале ровови во околината на Мунбич, точно, ги копаат своите гробови. Како што изгледа не ни останува многу работа нам.“
Исто така, претходно беа откриени голем број тунели и подземни засолништа на терористите во градот Африн и околината, кој беше ослободен во рамки на операцијата „Маслинова гранка“ од страна на Турските вооружени сили и Слободната сириска војска.