Ali Cura
02 Јануари 2019•Ажурирај: 03 Јануари 2019
МОСКВА (АА) - Бројот на загинати во експлозијата на гас во станбена зграда во рускиот град Магнитогорск е зголемен на 21, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Спасувачките екипи денес извлекоа уште тела од урнатините, а меѓу нив е и едно тригодишно девојче“, наведоа од Министерството за вонредни ситуации на Русија.
Од Министерството за вонредни ситуации соопштија дека бројот на загинати во експлозијата на гас се зголемил на 21.
Деветмесечното машко бебе, кое вчера беше пронајдено во урнатините речиси 36 часа по експлозијата, се здобило со сериозни повреди, но е во стабилна состојба во Педијатриската болница во Москва. Бебето до главниот руски град, оддалечен 1.400 километри од Магнитогорск, е превезено со авион на Министерството за здравство.
Министерката за здравство, Вероника Сквортсова, денес изјави дека бебето претрпело површни рани на главата, но дека нема оштетување на мозокот.
Експлозијата се случи на 31 декември во десеткатница во Магнитогорск, во рускиот регион Чељабинск. Силната експлозија предизвика уривање на зградата, а спасувачките екипи и понатаму трагаат по жртвите под урнатините. Се претпоставува дека под урнатините се наоѓаат уште најмалку 20 лица.