ЧИКАГО (АА) – Изложбата на фотографии „15 јули – изложба за издигнувањето на националната волја“, која се отвори на годинешниот конгрес на муслиманските организации (MAS-ICNA) во Чикаго наиде на голем интерес кај американските муслимани, јавува Anadolu Agency (AA).
Изложбата ја отворија заменик-претседателот на Демократското здружение на жени (КАДЕМ), Сумеје Ердоган Бајрактар и нејзиниот сопруг Селчук Бајрактар, како и амбасадорот на Турција во Вашингтон, Сердар Килич и пратеникот за Ескишехир од АК Партијата, Емине Нур Шунај.
Генералниот конзул на Турција во Чикаго, Умут Аџар, во изјава за АА рече дека за конгресот МАС-ИЦНА голем интерес покажале турските организации од Турција и дека за обидот за државен удар од страна на ФЕТО се разговарало на различни панел-дискусии.
Тој нагласи дека изложбата на фотографии „15 јули – изложба за издигнувањето на националната волја“ наиде на голем интерес и додаде оти претседателството, АА и турските организации од прва рака ги споделија со американските муслимани информациите за случувањата во Турција.
- „Турција е единствената надеж за Блискиот Исток“ -
Американскиот претставник за социјални услуги, Јеменецот Абдулмеџид ел-Газали, кој ја посети изложбата, рече кога се случил обидот за државен удар, не спиел цела ноќ и оти бил загрижен за Турција.
„Турција сега е единствената надеж за Блискиот Исток, единствена демократија“, истакна Ел-Газали и рече дека се надева како што некои арапски држави не дозволиле да им се случи револуција, дека и Турција ќе успее во тоа.
„Многу сум импресиониран од тоа што турскиот народ без оглед дали е од АК Партијата или не, се спротивстави на обидот за државен удар излегувајќи пред тенковите. Оваа револуција во Турција е нова револуција за целиот свет. Како муслиман и како еден обичен човек, се надевам дека Турција ќе биде успешна“, рече Ел-Газали.
Американецот со сомалиско потекло, Абдилмалик Хасан, по посетата на изложбата изјави дека е несфатливо како можело такво нешто да ѝ се случи на Турција.
- „Турскиот народ отвори нова страница“ -
Претседателот на Советот за американско-исламски односи (CAIR), Нихад Авад, по посетата на изложбата во својата изјава истакна дека од големо значење е прикажувањето на приказната за 15 јули на светот, но и на американските муслимани. „Сите поминуваме низ тешки периоди некогаш. Од Блискиот Исток доаѓаат само информации за масакри, притисок и угнетување“.
Тој забележа дека целиот свет е сведок на отпорот на турскиот народ во одбрана на својата национална волја. „За среќа, ударот беше безуспешен. Но, продолжуваат внатрешните и надворешните закани кон Турција. Храброста на обичниот турски народ испиша историја и отвори нова страница со својот отпор против притисокот. Ќе продолжиме да се инспирираме од ова. Ви благодариме што дојдовте со оваа изложба и ни покажавте што се случувало“.
- „Ако пропадне Турција, ќе пропадне и целиот муслимански свет“ -
Меѓу посетителите на изложбата беше и Недаа Скеик, докторка со палестинско потекло од Кардио-институтот во Минеаполис.
Таа изјави дека своите додипломски студии ги завршила на Медицинскиот факултет „Џерахпаша“ на Истанбулскиот универзитет и додаде оти вечерта на 15 јули била на плоштадот „Таксим“.
Турскиот јазик го научила за време на своите студии. Таа истакна дека многу ги сака Турците. „Периодот 1992 – 2002, кога живеев во Турција, за мене се најубавите 10 години од животот“, рече Скеик.
Таа вели дека на 15 јули со своето семејство била во Истанбул на одмор. „Кога дознавме дека војниците се на мостот на Босфор, многу се исплашивме, затоа што воените удари никогаш не носат добро“.
Таа истакна дека претседателот Реџеп Таип Ердоган е избран од народот на избори, и дека со друга сила не е можно да биде симнат од позицијата.
Скеик вели дека забележала оти народот стои зад Ердоган и владата, а пак лидерите на другите држави не сакаат Турција да напредува.
Во врска со вечерта од 15 јули, Скеик рече: „Бевме сместени во хотел на „Таксим“. Моето семејство многу се исплаши, ’ќе умреме’ извикуваа. Јас им реков: ’Бидете смирени, нашите животи ако отидат, нека отидат, Турција да не пропадне само’. Затоа што ние многу ја сакаме Турција. Ако пропадне Турција, ќе пропадне целиот муслимански свет“.
На крајот, таа додаде дека само Турција им излегува во пресрет на Газа и на Палестина и оти постојано доаѓа помош од Турција во овие региони.
news_share_descriptionsubscription_contact
