Ekipa
27 Ноември 2017•Ажурирај: 28 Ноември 2017
КАРТУМ/АНКАРА (АА) - Со операција на Националната разузнавачка служба (МИТ) од Судан во Турција е префрлен бизнисменот Мемдух Чикмази, познат како благајникот на терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван безбедносен извор за АА рече дека МИТ формирал специјален тим за следење на избеганите терористи на ФЕТО во странство.
Тој тим пред два месеца откри дека Чикмаз се крие во Судан. Неодамна, Чикмаз е уапсен во заедничка акција на турскиот МИТ и суданската разузнавачка служба НИСС.
По завршувањето на процедурите и давањето исказ, припадниците на МИТ рано утрово го донесоа Чикмаз од Судан во Турција, и го предадоа на надлежните органи за понатамошно процесуирање.
Чикмаз е сопственик на синџир бензински станици и фабрики за производство на тули во турскиот град Чорум, а е познат како благајник на терористичката организација ФЕТО.
Тој уште во јануари минатата година по наредба на водачот на ФЕТО, Фетула Ѓулен, избега од Турција во Судан.
Турските органи на прогонот за Чикмаз распишаа потерница поради обвинението дека бил раководител во терористичката организација ФЕТО.
Со истрагата утврдено е дека од стопанствениците од Чорум под плаштот на доброволни прилози собирал пари за ФЕТО, а и од Судан ФЕТО ја снабдил со неколку милиони долари.