Bilgin S. Şaşmaz
10 Февруари 2017•Ажурирај: 12 Февруари 2017
ЧИКАГО (АА) - Во американскиот град Чикаго започна изложбата „Саем за автомобили Чикаго“, којашто оваа година по 109. пат ќе ги отвори своите врати за посетителите, јавува Anadolu Agency (AA).
Изложбата на најголемиот саем во Северна Америка, кој за првпат е организиран во далечната 1901 година, се изведува во најголемиот регионален конгресен центар „Меккормик плејс“.
Медиумското претставување на „Саемот за автомобили Чикаго 2017“, кој на своите посетители им ги претставува најновите достигнувања во автомобилскиот сектор, ќе трае два дена, а на изложбата во преден план се возилата на електричен погон и автомобилските системи без возач. Покрај еколошките електрични автомобили, голем интерес на саемот привлекуваат и луксузните автомобили.
На саемот, меѓу возилата што привлекоа најголем интерес се моделите „Доџ Дуранго SRT“ , „Форд експедишн“, „Хјундаи елентра GT“, „Субару легаси“, „Фолксваген атлас“ од серијата за 2018 и моделите на „Инфинити Q50“, „Инфинити QX80“, „Мицубиши аутлендер“, „Нисан алтима“, „Нисан мурано“, „Рам 1500 купер“ и „Шевролет редлајн“ од серијата за 2017.
На саемот, наместо класични бои, возилата од моделите за 2017 и 2018 располагаат со пожив и повпечатлив колорит, гласовна комуникација со возачот, интелигентен систем што ќе ги спречи возачките грешки и автоматско кочење. На саемот е дозволено посетителите да ги тестираат возилата, а покрај тоа се организираат и голем број интересни активности.
Саемот за посетителите ќе биде отворен утре, а ќе трае до 20 февруари и се очекува да го посетат повеќе од 1 милион посетители.