политика

Марин Ле Пен повторно избрана за претседателка на „Национален фронт“

На нејзиниот татко, Жан Мари Ле Пен, на денешниот Конгрес на партијата му е одземена титулата „почесен претседател“ на таа политичка организација

Ekip  | 11.03.2018 - Обновена : 12.03.2018
Марин Ле Пен повторно избрана за претседателка на „Национален фронт“

Paris

ПАРИЗ (АА) - Француската десничарска партија „Национален фронт“, повторно ја избра Марин Ле Пен за претседателка, пренесува Anadolu Agency (AA).

За повторен избор на Марин Ле Пен како претседателка, гласаа 79 отсто од присутните на Партискиот конгрес.

Марин Ле Пен беше единствена кандидатка за позиција на претседателка на партијата.

На нејзиниот татко, Жан Мари Ле Пен, на денешниот Конгрес на партијата му е одземена титулата „почесен претседател“ на таа политичка организација.

Жан Мари Ле Пен во 2015 година е избркан од партијата поради антисемитски изјави, но ја задржа титулата „почесен претседател“.

Денешното гласање е последен удар за него, кој во 1972 година ја основа партијата, а во 2002 година освои второ место на претседателските избори со речиси 18 отсто од гласовите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın