Sena Güler
11 Март 2018•Ажурирај: 12 Март 2018
ПЕКИНГ (АА) - Националниот народен конгрес на Кина денес со големо мнозинство го усвои историскиот уставен амандман со кој се укинува ограничувањето од двата петгодишните мандати на претседателот и потпретседателот, јавува Anadolu Agency (AA).
Промената на Уставот на земјата и овозможува на двајцата лидери да ги извршуваат нивните функции на неопределен рок.
Со ваквиот потег се отвора патот на актуелниот шеф на државата, Си Ѓипинг, да ја извршува својата функција и по 2023 година, во која според старите правила неговиот мандат требаше да истече.
Си ја презеде функцијата шеф на државата во март 2013 година.