Tuğçenur Yılmaz
08 Февруари 2018•Ажурирај: 09 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека неговата земја нема официјално да го признае корзиканскиот јазик, и дека Корзика е неразделен дел од Франција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како јавува BBC (Би-би-си), Макрон при посетата на островот Корзика во Средоземното Море, порача дека островот е неразделен дел од Франција.
Макрон се состана со политичките претставници на Корзика, и во таа пригода вети повеќе инвестиции и порача дека е отворен и за давање на повеќе овластувања на оваа локална управа.
Францускиот претседател порача дека неговата земја нема да го признае корзиканскиот јазик кој се говори на островот, како и дека нема да дојде до измени на законот кој им отежнува на странците да стекнат имот или право на престој на Корзика, за што се залагаат сепаратистите на островот.
Пред посетата на Макрон на Корзика, инаку родното место на францускиот војсководец Наполеон Бонапарта, на островот се организирани протести на сепаратистите кои бараа поголема демократија и почит кон жителите на Корзика.
Откако во последниот период се упатени повеќе барања за независност на Корзика, Владата на Франција таму го испрати специјалната претставничка Жаклин Гуро.
Корзика е една од 18. административни региони во Франција и четврти по големина остров во Средоземното Море. Според законот има малку поголема автономија од останатите региони во Франција. По податоците од јануари 2013 година, на Корзика живеат нешто повеќе од 320.000 жители.