Diyar Güldoğan
04 Октомври 2019•Ажурирај: 05 Октомври 2019
КИЕВ (АА) - Во украинскиот град Лавов, при принудно слетување на карго авион на кој му снемало годиво, дојде до авионска несреќа во која животот го загубија три лица, и исто толку се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението што го даде украинското Министерство за инфраструктура, карго авионот „An-12“, кој летал на релацијата Виго (Шпанија) - Лавов, бил принуден итно да слета на подрачјето во близина на аеродромот „Данило Галицкого“ во Лавов.
При слетувањето дошло до несреќа во која загинаа три лица, и исто така, три лица се повредени.