Recep Şakar
14 Мај 2020•Ажурирај: 17 Мај 2020
МЕЛБУРН
Австралиската сојузна држава Јужна Австралија ја потресе земјотрес со интензитет од 4,3 степени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави Геонаука Австралија (Geoscience Australia), епицентарот на земјотресот бил во подрачјето меѓу градовите Бура и Клер во сојузната држава Јужна Австралија, на длабочина од 3 километри.
Земјотресот е забележан во 15:23 часот по локално време, а бил почувствуван на голем простор, до Аделаида Хилс и полуостровот Јорк.
Земјотресот кој не предизвикал какви било оштетувања, е најголем земјотрес што се почувствувал во сојузната држава во последните 10 години.
Австралискиот град Њукасл во 1989 година го потресе земјотрес со интензитет од 5,6 степени. Во земјотресот во кој животот го загубија 13 и беа повредени 160 лица, влезе во историјата во Австралија како земјотрес со најголем број жртви.