Fatma Esma Arslan
04 Декември 2020•Ажурирај: 04 Декември 2020
ДАКАР
Ленин Шопе, амбасадорот на Јужноафриканската Република во Сенегал, пронајден е мртов во својот дом, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според написите објавени во локалните медиуми, амбасадорот мртов во својот дом бил пронајден од неговиот возач.
Според првичните проценки, ниту во апартманот ниту врз телото на амбасадорот не се пронајдени знаци на напад и се претпоставува дека Шопе починал од природна смрт.
Амбасадорот Шопе во мај бил позитивен на новиот тип коронавирус (Ковид-19).
Во тек е истрага во врска со овој настан.