АП: Републиканците ја задржуваат контролата врз Претставничкиот дом на САД
Републиканците ќе имаат најмалку 218 гласа потребни за контрола на 435-члениот дом
ВАШИНГТОН (АА) - Републиканците го освоија мнозинството во Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави (САД), со контрола на двата дома на Конгресот и Белата куќа, објави синоќа Асошиетед прес (АП), пренесува Анадолу.
Републиканците ќе имаат најмалку 218 гласа потребни за контрола на 435-члениот дом, се вели во веста.
По изборите на 5 ноември републиканците обезбедија мнозинство од местата во Сенатот со најмалку 52:48.
Новоизбраниот претседател Доналд Трамп победи на изборите со 312 електорски гласови, надминувајќи го прагот од 270 гласа, против неговата ривалка од демократите, актуелната потпретседателка Камала Харис.
Трамп, кој минатата недела освои втор мандат во Белата куќа, ќе положи заклетва на функцијата на 20 јануари 2025 година за четиригодишен мандат.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.