Mustafa Melih Ahıshalı
19 Мај 2020•Ажурирај: 20 Мај 2020
ТЕХЕРАН
Иранскиот верски водач, ајатолахот Али Хамнеи, ги повика жителите на Западниот Брег на вооружување, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Хамнеи на својот твитер-профил објави порака дека и Западниот Брег треба да се наоружа како и Газа.
„Единствено нешто што може да ги ублажи потешкотиите со кои се соочуваат Палестинците е моќта“, порача Хамнеи, додавајќи:
„Попуштањето нема нималку да ја намали суровоста на оваа граблива структура налик на волк.“