Murat Temizer
11 Јануари 2023•Ажурирај: 13 Јануари 2023
ВАРШАВА (АА) - Бројот на бегалци кои од Украина влегле во Полска заклучно со 10 јануари, надмина 9 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение објавено на Твитер ја потврди Граничната гарда на Полска.
Во соопштението се нагласува дека само вчера 29.900 лица влегле од Украина во Полска.
„Од почетокот на војната досега, бројот на лица кои од Украина преминаа во Полска, се искачи на 9 милиони 74 илјади“, се наведува во соопштението.
Според објавените податоци, бројот на Украинци кои ја напуштиле Полска изнесува 7 милиони 250 илјади.