Davit Kachkachishvili
15 Јануари 2023•Ажурирај: 16 Јануари 2023
Бројот на цивили кои загинале во ракетниот напад на руската војска во украинскиот град Днепар порасна на 20, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кирило Тимошченко, заменик-шеф на Кабинетот на украинското Претседателство, преку Телеграм истакна дека бројот на загинати цивили во ракетниот напад што го изврши руската војска вчера врз 9-катна зграда во Днепар порасна на 20.
Тимошченко нагласи дека меѓу загинатите цивили се наоѓа и едно дете.
Според него, продолжуваат операциите за пребарување и спасување на лицата кои се заглавени под урнатините.
Тој истакна дека од урнатините се спасени 6 деца. Како што нагласи тој, спасени се 73 лица.
Тимошченко информира дека во зградата што беше цел на нападот живееле околу 400 цивили.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски реагираше против нападот извршен во Днепар.
Тој информира дека како резултат на нападот е срушена 9-катна зграда. Зеленски го опиша овој ракетен напад како терористички напад.
Упати апел за поддршка во оружје за Украина, додавајќи дека спречувањето на руските напади може да се реализира само преку водење борба на фронтот.