Tayfun Salcı
04 Септември 2019•Ажурирај: 04 Септември 2019
ЛОНДОН (АА) - Опозицијата во Велика Британија победи критично гласање во насока на спречување на Брегзит без договор, јавува Anadolu Agency (AA).
Со 328 гласа „за" и 301 глас „против", во Долниот дом на парламентот ратификуван е предлогот со кој овластувањето за утврдување на утрешниот дневен ред преминува од владата на пратениците.
Како резултат на гласањето, овој е првиот критичен пораз на премиерот Борис Џонсон во парламентот.
Владата на Конзервативната партија под водство на Џонсон, денес го изгуби парламентарното мнозинство откако денес еден пратеник премина во Либералдемократската партија.
Вечерашното гласање на пратениците им овозможува можност да поднесат нацрт-закон во парламентот во насока на спречување на Брегзит без договор.
Во случај утре да завршат законските процедури во Долниот дом, нацртот ќе премине во Горниот дом на парламентот.
Опозициските партии имаат за цел брзо да го завршат процесот во Горниот дом, и во петок навечер да го ратификуваат овој нацрт-закон.
Парламентот во Велика Британија исто и претходно ратификуваше сличен закон со кој на 29 март беше спречена Велика Британија да го напушти ЕУ, и Брегзит беше одложен за 31 октомври.
Доколку парламентот ќе ратификува сличен закон, можно е премиерот Џонсон тоа да го смета како гласање за недоверба против него, и да оди во предвремени избори.