Zuhal Demirci
18 Март 2022•Ажурирај: 20 Март 2022
ЛОНДОН (АА) - Британската агенција за ревизија на медиумите „Офком“ соопшти дека ја откажала лиценцата за емитување на рускиот државен тв-медиум „Раша тудеј“ (Russia Today) и дека оваа одлука стапува на сила веднаш, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на „Офком“, во донесување на оваа одлука биле земени предвид низа фактори, вклучувајќи го и тоа што РТ е финансиран од страна на руската држава која почна да извршува напади врз Украина.
„Одлуката на „Офком“ дојде како резултат на актуелните случувања, руските напади врз Украина, и како резултат на 29 истраги кои продолжуваат против пристрасноста на вестите на РТ“, се вели во соопштението.
„„Офком“ веднаш ја откажа лиценцата за емитување на РТ“, се додава.