Dmitri Chirciu
04 Декември 2019•Ажурирај: 05 Декември 2019
КИЕВ (АА) - Трошоците за примена на регулативите со кои се дозволува употреба на фотографии со шамии на пасоши и лични карти ќе бидат исполнети со средства собрани од украинските муслимани, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Муфтијата Саид Исмагилов за АА го оцени процесот на дозволата на употреба на фотографии со шамии во личните карти.
Потсетувајќи дека Украина ги прифатила нормите на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), Исмагилов рече: „Според овие норми, фотографијата со шамија може да биде вклучена во службените документи. Но, во Украина сѐ уште не беа направени потребните измени во оваа насока. Затоа не се дозволуваше фотографија со шамија.“
Исмагилов истакна дека заедно со Муслиманската женска унија се обратиле до Министерството за внатрешни работи на Украина за решавање на овој проблем. „Министерството одржа состанок во 2018 година. На тој состанок се разговараше за прашањето за фотографиите со шамии. Се раскажа за тоа зошто шамијата е важна за една жена муслиманка.“
Исмагилов посочи дека прашањето за фотографиите со шамии не е важно само за муслиманите, туку и за другите верски заедници.
- „Потребната сума се собра на петочна молитва“ -
Муфтијата Исмагилов наведе дека треба да се подготват регулативи во согласност со меѓународните норми за да се вклучи фотографијата со шамија во официјалните документи. „Потребната сума за институцијата која ќе ги подготви тие регулативи ја собравме на петочната молитва и ги предадовме на институцијата, и на тој начин започна процесот“, додаде тој.
Раскажа дека воделе долгогодишна борба за донесувањето на новите регулативи: „Вложивме голем напор. На институцијата ѝ посочивме што значи шамија, кој дел од главата се покрива, кој дел не се покрива. На крајот проблемот се реши.“
- „Чекор кон почитување на правата на жените“ -
„Усвојувањето на оваа норма е во согласност со украинскиот Устав. Ова е чекор кон демократизација на општеството и почитување на правата на жените“, рече Исмагилов, истакнувајќи дека одлуката донесена од Министерството за внатрешни работи во врска со фотографиите со шамии стапи во сила на 19 ноември.
Украинското МВР соопшти дека е дозволено да се користат фотографии со шамии од религиозни или здравствени причини на пасоши, лични карти и возачки дозволи.