свет

Во новите израелски воздушни напади се убиени 10 лица, меѓу кои 7 се деца

- Најмалку десет лица, меѓу кои седум деца, се убиени во новите израелски напади во Појасот Газа денес, според медицински извори, јавува Анадолу.

Ahmed Asmar  | 12.11.2024 - Обновена : 12.11.2024
Во новите израелски воздушни напади се убиени 10 лица, меѓу кои 7 се деца

ГАЗА (АА) - Најмалку десет лица, меѓу кои седум деца, се убиени во новите израелски напади во Појасот Газа денес, според медицински извори, јавува Анадолу.

Три деца од исто семејство ги загубија животите кога израелски воен авион удри во нивниот дом во бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Газа, изјави еден извор.

Уште шест лица се убиени, вклучително и четири деца, во друг напад чија цел беа група цивили западно од Деир ал Балах во центарот на Газа, додаде изворот.

Уште еден Палестинец е убиен, а други 25 лица се повредени кога беспилотно летало гранатираше собир на цивили во населбата Шеик Радван во северозападниот дел на градот Газа, изјави друг медицински извор.

Израел продолжува со бруталната офанзива врз Газа од октомври минатата година и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот.

Повеќе од 43.600 луѓе оттогаш се убиени, главно жени и деца, а речиси 103.000 други се повредени, објавија локалните здравствени власти.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата смртоносна војна против Газа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.