свет

Речиси 43.700 Палестинци се убиени во Газа во израелските бомбардирања и гранатирања

„Израелската окупација изврши три масакри врз семејства во последните 48 часа, што резултираше со 62 смртни случаи и 147 повредени“, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклавата.

Ahmed Asmar  | 12.11.2024 - Обновена : 13.11.2024
Речиси 43.700 Палестинци се убиени во Газа во израелските бомбардирања и гранатирања

АНКАРА (АА) - Најмалку уште 62 Палестинци се убиени во израелските напади во Појасот Газа, со што вкупниот број убиени од минатата година достигна 43.665, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата, јавува Анадолу.

Во соопштението на Министерството се додава дека околу 103.076 други се повредени во тековниот напад.

„Израелската окупација изврши три масакри врз семејства во последните 48 часа, што резултираше со 62 смртни случаи и 147 повредени“, соопшти Министерството.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“, се додава во соопштението.

Израелската Армија ја продолжи бруталната офанзива на Појасот Газа по нападот на Хамас минатата година, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која повикува на итен прекин на огнот.

Како последица на израелските напади е раселено речиси целото население на територијата поради тековната блокада што доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Напорите за посредување предводени од САД, Египет и Катар за постигнување договор за прекин на огнот во Газа и размена на затвореници меѓу Израел и Хамас не успеаја поради одбивањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја запре војната.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во Газа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.