Ruslan Rehimov
14 Април 2022•Ажурирај: 15 Април 2022
КИЕВ (АА) - Во руските напади на Украина се убиени 197 деца, а 351 се ранети, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди канцеларијата на главниот државен обвинител на Украина.
Во соопштението се нагласува дека во руските бомбардирања оштетени се повеќе од илјада образовни институции, од кои 91 се уништени потполно.
Во војната која започна на 24 февруари, од руските напади досега животот го загубија 197 деца, а повредени се 351.