Mücahit Oktay
14 Април 2022•Ажурирај: 15 Април 2022
ЊУЈОРК (АА) - Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, објави дека е приведен 62-годишниот Френк Р. Џејмс, кој повреди 23 лица во напад во метрото во Бруклин, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Адамс на прес-конференцијата по фаќањето на Френк Џејмс, вооружениот напаѓач во метрото во Бруклин, пред медиумите се обрати со зборовите „Мои њујоршки пријатели. Го фативме.“
Во својот говор Адамс им се заблагодари на сите граѓани кои со своите пријави, неполни 30 часа по нападот во метрото, помогнале осомничениот да биде приведен.
Џејмс бил запрен и приведен од полицијата во населбата Ист Вилиџ на Менхетен.
Од друга страна, официјални лица за американските медиуми изјавија дека на Џејмс ќе му се припише „федерално обвинение за тероризам“.
- Напад во метрото во Бруклин -
Оружен напад беше изведен вчера во метростаницата во њујоршкиот кварт Бруклин. Тогаш беше објавено дека во нападот се повредени 16 лица, од кои 10 со огнено оружје.
Во соопштенијата за нападот на њујоршката полиција, пожарникарската служба и гувернерката на Њујорк, Кети Кочул, се наведува дека според првичните сознанија, инцидентот не бил терористички инцидент.
Државните власти соопштија дека повредените се префрлени на лекување во две болници најблиску до регионот, при што некои од нив биле во тешка состојба.
Кичант Севел, комесарот на њујоршката полиција, изјави дека немаат докази за да се каже дека станува збор за терористички напад. Севел информира дека осомничениот, кој носел портокалов градежен елек и гас-маска, бил Афроамериканец и пукал по слободен избор кон патниците наоколу и на метростаницата.
Полициската управа на Њујорк, која подоцна ги сподели ажурираните информации, соопшти дека на местото на настанот нема активна експлозивна направа, но дека истрагата продолжува и јавноста треба да се држи подалеку од местото на настанот заради безбедност.
Американскиот претседател Џо Бајден својот прв коментар на оваа тема го даде за време на неговата посета на Ајова со изјавата: „Благодарни сме им на цивилите и на оние кои веднаш реагираа помагајќи им на патниците, не плашејќи се од истрелите од огненото оружје.“
Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, во врска со нападот во Бруклин изјави дека на местото на нападот камерите не функционирале.