Mustafa Melih Ahıshalı
25 Мај 2022•Ажурирај: 27 Мај 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Бројката на загинати при уривањето на 10-катницата во понеделникот во градот Абадан во иранската покраина Хузестан се зголеми на 14, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ихсан Абасипур, гувернерот на Абадан, за иранската државна телевизија изјави дека продолжуваат напорите за пребарување и извлекување од под урнатините.
Абасипур во својата изјави рече: „Бројот на луѓето кои ги загубија животите при уривањето на зградата во Абадан се зголеми на 14, а бројот на повредени, на 37“.
Во понеделникот се урна десеткатниот Деловен центар „Абадан метропол“, кој се градеше во областа Техленџи Емири во Абадан.
Мохамад-Хасан Нами, претседателот на Организацијата за управување со кризи на Иран, вчера информира дека бројот на загинати изнесува 11.
Садик Џафери Чегени, главниот обвинител на Хузестан, соопшти дека во рамките на истрагата се приведени 10 лица, меѓу кои се актуелниот и двајцата претходни градоначалници на Абадан и инспекторите на зградата.
Се претпоставува дека под урнатините на зградата сѐ уште се наоѓаат 50 луѓе.