Dildar Baykan
20 Ноември 2018•Ажурирај: 20 Ноември 2018
ВАШИНГТОН (АА) – Како резултат на напад со огнено оружје во болница во американскиот град Чикаго, животите ги загубија 4 лица, вклучувајќи го и осомничениот, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот со огнено оружје во болницата „Мерси хоспитал“ во Чикаго, еден од најголемите градови во САД, го извршило лице чиј идентитет засега не се соопштува.
Градоначалникот на Чикаго, Рахм Емануел, на прес-конференција изјави дека во вооружениот напад загинале полицаец, доктор и помошник-фармацевт.
Главниот инспектор Еди Џонсон соопшти дека е откриено дека напаѓачот се знаел со еден од починатите. Џонсон не објасни дали осомничениот се самоубил, или пак е погоден од полициски куршум.
Во болницата и околу неа се преземени безбедносни мерки. Полициските власти изјавија дека нема закана за болницата или за пациентите.
Отворена е истрага за нападот. Чикаго е еден од градовите со највисока стапка на вооружено насилство во САД.