Ekipa
20 Ноември 2018•Ажурирај: 20 Ноември 2018
РИЈАД (АА) - Првиот престолонаследник на Саудиска Арабија, Мухамед бин Селман, најави дека ќе учествува на Самитот на земјите од Г-20 во Аргентина, што ќе биде негова прва посета во странство по убиството на новинарот Џамал Кашоги, пренесува Anadolu Agency (AA).
Саудиските државни медиуми соопштија дека принцот Бин Селман ќе ја предводи саудиската делегација која на 30 ноември и 1 декември ќе ја посети Аргентина и ќе учествува на Самитот на земјите од групата Г-20.
Колумнистот на весникот „Вашингтон пост“ (The Washington Post) убиен е на 2 август во објектот на саудискиот Конзулат во Истанбул. Турското Обвинителство откри дека Кашоги е задавен веднаш по влегувањето во Конзулатот, и дека неговото тело е исечено на парчиња и уништено.
Властите на Саудиска Арабија подоцна признаа дека Кашоги е убиен, а дека не го напуштил Конзулатот, како што првично тврдеа.
Истрагата за случајот и понатаму трае, со акцент на потрагата по посмртните останки на Кашоги.
Саудискиот принц Мухамед бин Селман се соочува со сериозни обвинувања за вмешаност во убиството на Кашоги.