свет

Генералниот секретар на ОН повика на почитување на прекинот на огнот во Газа

Гутереш силно апелира за итен прекин на огнот, враќање на непречената хуманитарна помош и ослободување на преостанатите заложници

Asiye Latife Yılmaz  | 18.03.2025 - Обновена : 19.03.2025
Генералниот секретар на ОН повика на почитување на прекинот на огнот во Газа

ИСТАНБУЛ (АА) – Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денес изјави дека е шокиран поради најновите израелски воздушни напади врз Газа, во кои се убиени стотици Палестинци, меѓу кои и жени и деца, јавува Анадолу.

Во соопштение, заменик-портпаролот на ОН, Фархан Хак, истакна дека Гутереш силно апелира за итен прекин на огнот, враќање на непречената хуманитарна помош и ослободување на преостанатите заложници.

Најмалку 404 Палестинци се убиени, а 562 други повредени во израелските воздушни напади во Појасот Газа денес, со што беше прекршен прекинот на огнот кој траеше речиси два месеца.

Израел и палестинската група Хамас претходно се согласија на прекин на огнот кој стапи на сила на 19 јануари, а двете страни беа во преговори за продолжување на договорот во втората фаза, пред Тел Авив одненадеж да започне масовен напад за време на светиот месец на Муслиманите, Рамазан.

Во израелските напади, што започнаа од октомври 2023 година, убиени се над 48.500 Палестинци, повеќето жени и деца, а Газа е оставена во урнатини.

Во ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.