Esra Tekin
12 Ноември 2024•Ажурирај: 13 Ноември 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Денес во главниот азербејџански град Баку започна Самитот на светските лидери во рамките на 29. Конференција на ОН за климатски промени (COP29), јавува Анадолу.
Пред Самитот, чиј домаќин е азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, светските лидери, меѓу кои британскиот премиер Кир Стармер, шпанскиот премиер Педро Санчез, казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев, узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзијоев, киргистанскиот претседател Садир Јапаров и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, направија заедничка фотографија.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и првата дама Емине Ердоган беа пречекани од Алиев и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на местото каде што се одржува Самитот.
За заедничката фотографија тој застана меѓу Алиев и Пакистанецот Шариф, по што следуваше официјалниот почеток на Самитот на светските лидери во рамките на COP29.