Yeşim Sert Karaaslan
03 Февруари 2020•Ажурирај: 04 Февруари 2020
КИЕВ (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган во текот на неговата официјална посета на Украина повтори дека Туција не ја признава илегалната анексија на Крим, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Украина, Владимир Зеленски, одржаа заедничка прес-конференција.
Претседателот Ердоган, потврдувајќи дека Турција го поддржува суверенитетот на Украина и нејзиниот територијален интегритет, вклучувајќи го и Крим, нагласи: „Уште еднаш би сакал да потенцирам дека Турција не го признава нелегалното анектирање на Крим.“
Ердоган, исто така нагласи дека Турција внимателно ја следи состојбата на кримските Татари и дека заедно со украинските власти ќе продолжат да ги поддржуваат кримските татарски Турци, кои се главни елементи на Украина.
Претседателот Ердоган на прес-конференцијата се осврна и на последните случување во Сирија.
„Со секој изминат ден, развојот на настаните во Идлиб доведе до состојба која не може тукутака да се надмине. Бевме многу трпеливи...“, истакна Ердоган.
„За жал, режимските сили ова утро повторно од воздух го нападнаа Идлиб, животот го загубија 8 лица, од кои 3 цивили и 5 војници“, рече Ердоган, додавајќи дека се надева дека сите ги знаат своите обврски во рамките на договорите од Астана и Сочи и дека ќе продолжат да работат во тие рамки.
Тој исто така рече дека на нападот во Идлиб интензивно возвраќаат и од копно и од воздух и дека ќе продолжат да возвраќаат.
- Зеленски: „Структирањето на ФЕТО во Украина е долго време на агендата на двете земји“
Претседателот на Украина, Зеленски, на заедничката прес-конференција, осврнувајќи се на структурирањето на ФЕТО во Украина, нагласи: „Ова прашање долго време е на агендата на двете земји. Денеска ги дознав деталите за ова прашање.“
Зеленски, исто така рече дека во рамките на структурирањето на ФЕТО постојат различни имиња и дека денеска сите документи ги испратил до началникот на службата за безбедност на Украина.