Ruslan Rehimov
27 Април 2016•Ажурирај: 28 Април 2016
БАКУ (АА) - Во судирите на линијата на фронтот помеѓу Ерменија и Азербејџан ерменската војска користела касетни бомби, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за одбрана на Азербејџан се вели дека ерменската војска уште еднаш грубо го прекршила договорот за прекин на огнот.
Ерменската војска отворила оган врз воени и цивилни населени места од орудиа кои се забранети според меѓународните договори.
- "Се обидуваат да ја предизвикаат азербејџанската војска"
Во соопштението се вели дека тоа се обиди да се испровоцира азербејџанската војска.
Во изјавата на министерството за одбрана за дописникот на АА, се истакнува дека ерменската војска при нападите користела касетни бомби.