свет

Израелската Армија ги засилува смртоносните напади врз Газа, во текот на ноќта убиени најмалку 12 Палестинци

Израелската Армија погоди уште еден шатор за раселени лица во северниот дел на Кан Јунис, при што се убиени жена и дете, а тројца други се повредени

Ahmed Asmar  | 19.03.2025 - Обновена : 19.03.2025
Израелската Армија ги засилува смртоносните напади врз Газа, во текот на ноќта убиени најмалку 12 Палестинци

АНКАРА (АА) - Израелската Армија уби најмалку 12 Палестинци во нови воздушни напади во текот на ноќта и утринава врз различни делови на Појасот Газа, јавува Анадолу.

Според државната палестинска новинска агенција „Вафа“, која цитира медицински извори, израелските сили извршиле смртоносни воздушни напади низ Газа, откако вчера го прекршија примирјето со палестинската група Хамас, кое беше на сила од јануари.

Во израелски напад со беспилотно летало врз шаторите за раселени лица во областа Ал-Маваси, западно од Кан Јунис, загинаа двајца Палестинци, а петмина други беа ранети, објави „Вафа“.

Израелската Армија погоди уште еден шатор за раселени лица во северниот дел на Кан Јунис, при што се убиени жена и дете, а тројца други се повредени.

Четири лица се убиени и неколку други повредени во третиот напад врз шатор во западниот дел на Кан Јунис, соопшти палестинскиот радиодифузен сервис.

Медицински извор од Баптистичката болница Ал-Ахли во Газа потврди дека уште четири Палестинци се убиени, а неколку други повредени откако израелската Армија ја бомбардираше куќата на семејството Ал-Хатаб во јужната населба Ал-Сабра.

Овие напади претставуваат најзначајно кршење на примирјето, кое беше посредувано од Катар, Египет и САД во јануари, но беше прекршено со ненадејната ескалација од страна на Израел вчера, кога се убиени над 400 Палестинци за само еден ден.

Речиси 50.000 Палестинци се убиени, главно жени и деца, а над 112.000 други се повредени во бруталната израелска воена кампања во Газа од октомври 2023 година.

Во ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın