Zehra Ulucak
03 Октомври 2019•Ажурирај: 04 Октомври 2019
АНКАРА
Во индиската сојузна држава Мадја Прадеш автобус од мост падна во река. Во несреќата животот го загубија 8 лица, а 20 се повредени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави „Хиндустан тајмс“ (Hindustan Times), претставници на полицијата информирале дека во подрачјето Раисен, патнички автобус, во моментот кога го минувал мостот, се превртел и паднал во реката. Во несреќата животот го загубиле 8 лица, од кои едно дете, а 20-мина се повредени.
Претставниците на власта информираа дека во тек е спасувачка операција во која се вклучени безбедносните сили и државните сили за одговор при катастрофи.
Очевидците тврдат дека возачот на автобусот кој се обраќал на релацијата Чатарпур - Бопал, поради дупка на патот ја загубил контролата над возилото.