Ahmet Dursun
15 Декември 2020•Ажурирај: 15 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Иранскиот министер за надворешни работи на Иран, Мухамад Џевад Зариф, истакна дека Иран остро ги осудува едностраните санкции на Соединетите Американски Држави (САД) против Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Зариф преку порака објавена на својот профил на Твитер реагираше на санкциите на САД против Турција, поради набавката на системот за противвоздушна одбрана С-400.
Министерот Зариф во објавата додавајќи фотографии на знамињата на Турција и Иран и како двете земји се ракуваат, рече дека со едностраните санкции кон Турција, САД уште еднаш го прекршиле меѓународното право.
Во својата порака, споделена со хаштагот „соседите ни се приоритет“, Зариф додаде:
„Силно ги осудуваме последните санкции на САД против Турција и ние стоиме покрај турскиот народ и Владата (во врска со санкциите).“