Haydar Hadi
30 Мај 2017•Ажурирај: 30 Мај 2017
БАГДАД (АА) - Во главниот град на Ирак, Багдад, е извршен бомбашки напад во кој животот го загубија 11 лица, додека 50 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од безбедносните извори, експлодирало едно возило-бомба оставено покрај патот во подрачјето на Карада, кое се наоѓа во центарот на Багдад.
Во нападот животот го загубија 11 лица, додека 50 се повредени.
Загинатите и повредените се одесени во околните болници со возила на итната медицинска помош.