Ekip
22 Август 2022•Ажурирај: 24 Август 2022
МОСКВА (АА) - Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денес ги прогласи украинските власти за одговорни за убиството на руската новинарка Дарја Дугина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Украинската државјанка Наталија Вовк го извршила убиството со предумисла од страна на Украинската специјална служба, се вели во соопштението на ФСБ.
Вовк пристигна во Русија на 23 јули со нејзината ќерка Софија Шабан, соопшти агенцијата за безбедност.
„На денот на убиството Вовк и Шабан беа на литературно-музичкиот фестивал Традиција, каде Дугина беше присутна како почесен гостин.“
„По извршената контролирана експлозија на автомобил „тојота ленд крузер прадо“, управуван од Дугина, на 21 август, Вовк заедно со нејзината ќерка заминале преку регионот Псков за Естонија“, се додава во соопштението.
„Мајката и ќерката изнајмиле стан во Москва во истата зграда каде што живеела Дугина за внимателно да ја набљудуваат“, соопшти агенцијата за безбедност.
Вовк возела автомобил со марка „мини купер“ за да ја следи Дугина, додаваат од ФСБ.
Регистарските таблички на автомобилот биле менувани неколку пати при влез во Русија, Москва, и при излегување од Украина, се вели во соопштението.
Дугина загина во експлозија на автомобил на периферијата на Москва доцна во саботата.
Првичните извештаи покажаа дека таа починала веднаш, додавајќи дека нејзиниот татко, Александар Дугин, кој ги сменил автомобилите во последен момент, бил првичната цел.