Ali Cura
14 Септември 2020•Ажурирај: 14 Септември 2020
МИНСК (АА) – Во Белорусија вчера се приведени 774 лица на демонстрациите кои не беа најавени претходно, што се одржаа низ целата земја во знак на протест против резултатите од претседателските избори во Белорусија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Олга Чемоданова, портпаролка на Министерството за внатрешни работи, истакнувајќи дека вчера се одржани протести во 28 населени места низ целата земја, рече дека бројот на демонстрантите не ја надминал бројката од 22 илјади.
Чемоданова, исто така, нагласи дека околу 15 илјади луѓе се собрале на демонстрациите во главниот град Минск.
Наведувајќи дека демонстрантите ги нападнале безбедносните сили во градовите Брест, Могилјев и Новополотск, Чемданова рече: „Вчера беа приведени 774 лица кои ги прекршија законите, учествувајќи на демонстрации што немаа дозвола низ целата земја. Повеќе од 500 од нив се приведени во Минск. Во притвор ќе останат 544 лица сè додека не излезат на суд.“
Протестите во Белорусија започнаа откако беше објавено дека актуелниот претседател Александар Лукашенко е победник на претседателските избори одржани на 9 август. Многумина изразија незадоволство од овој резултат, обвинувајќи ги властите за местење на изборите. Демонстрантите бараат нови избори и уставни измени.