Gamze Türkoğlu Oğuz
14 Септември 2020•Ажурирај: 15 Септември 2020
ПЕКИНГ (АА) - Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, на социјалните мрежи навести дека амбасадорот на Соединетите Американски Држави (САД) во Пекинг, Тери Бранстед, ќе ја напушти функцијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На својот профил на Твитер, Помпео му се заблагодари на Бранстед за неговата функција, што траеше три години.
Државниот секретар на САД, исто така, истакна дека Бранстед придонел за балансирање на односите меѓу САД и Кина.
Отфрлањето на написот што Тери Бранстед сакаше да биде објавен во кинескиот весник „Пиплс дејли“ („People's Daily“) во септември, предизвика контроверзии.
Во написот, Бранстед ја обвини кинеската Влада за „искористување“ на искреноста на САД во последните неколку години.
Весникот „Пиплс дејли“ објави дека одбиле да го објават написот со образложение дека е „некомпатибилен со фактите“.