Ekipa
01 Февруари 2022•Ажурирај: 02 Февруари 2022
КРАСНОЈАРСК (АА) - Најдолгите скали во Русија со вкупно 1.683 скалила ги чекаат посетителите во сибирскиот град Краснојарск, Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Скалилата поврзуваат две туристички атракции: планинскиот гребен Торгашински и познатите карпести столбови во Краснојарск.

Должината на скалите е 1.200 метри, а висинската разлика е 240 метри.
Системот скали беше отворен за туристички посети во декември минатата година, нудејќи им на посетителите пешачка патека помеѓу природниот резерват Столби и планинскиот гребен Торгашински.
Рутата има три платформи од кои може да се ужива во убавините што ги нудат планинскиот масив и пространата тајга.