Handan Kazancı
29 Декември 2019•Ажурирај: 30 Декември 2019
ВАШИНГТОН
Најмалку пет лица загинаа, а неколкумина се повредени при пад на мал авион во американската сојузна држава Луизијана, јавија локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Мал авион се урна на паркинг покрај поштата во американското гратче Лафајет, кусо по полетувањето од аеродромот „Лафајет“, оддалечен 1,5 километри од местото на несреќата.
Во авионот се наоѓаа шест лица, меѓу кои тројца членови на екипажот.
Според извештаите на локалните медиуми, авионот се закачил во далновод, по што се обидел да се приземји.
Засега нема каков било официјален извештај за причината за падот на авионот.