Nuri Aydın
29 Декември 2022•Ажурирај: 29 Декември 2022
СЕУЛ (АА) - Според првичните информации, 5 лица загинаа, а 37 се повредени во пожарот што избувна при судир на транспортен камион со автобус на автопатот во близина на Сеул, главниот град во Јужна Кореја, известува Агенција Анадолија (АА).
Националната противпожарна агенција соопшти дека сообраќајната несреќа се случила во тунел на автопат, при што на самото место на несреќата избувнал пожар.
Противпожарните екипи констатираа дека во несреќата, во која животот го загубија 5 лица, меѓу 37-те повредени, тројца се во тешка здравствена состојба.
Сѐ уште не е позната причината за несреќата. Се стравува од можноста за зголемување на бројката на загинати.