Zehra Ulucak
21 Август 2019•Ажурирај: 21 Август 2019
МОНТЕВИДЕО (АА) - Претседателот на Уругвај, Табаре Васкез, изјави дека лекарите откриле белодробни нодули и дека евентуално се работи за карцином, пренесува Anadolu Agency (AA).
„На томографските снимки се покажа белодробен нодул со многу јасни карактеристики кои можат да бидат малигни“, нагласи претседателот Васкез.
Васкез, истакнувајќи дека веројатно има карцином, рече дека не чувствува никакви знаци на заболување.
По деталните испитувања, Васкез наведе дека очекува да има подетални информации за неговата здравствена состојба и можните третмани.
Седумдесет и деветгодишниот претседател, кој по професија е онколог, во неколку наврати изјави дека ја избрал оваа професија откако неговите родители и сестра му починале од карцином.
Васкез во својата книга од 2011 година насловена како „Chronicle of a Bad Friend“ се осврна на неговите искуства со болните од карцином.
Мандатот на Васкез истекува во март 2020 година.
Марија Аксилиадора Делгадо, сопругата на Табаре Васкез, почина од срцев удар пред три недели на 82-годишна возраст.