Ali Cura
29 Јануари 2023•Ажурирај: 30 Јануари 2023
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за надворешни работи објави дека во напад на украинската војска со американско оружје на градот Луганск загинале 14, а повредени се 24 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави руското Министерство се наведува дека Украинските вооружени сили вчера ја нападнале болницата во градот Новоајдар, во регионот Луганск, користејќи повеќецевни ракетни фрлачи ХИМАРС од американско производство.
Руското Министерство информираше дека нападот е изведен со разузнавачки информации што им ги пружаат земјите на НАТО, вклучувајќи и сателитски информации.
„(Во нападот) Загинаа 14 лица, а 24 се повредени“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија.