Alma Dekovic
30 Декември 2021•Ажурирај: 31 Декември 2021
МОСКВА
Во руското село Ојмјакон во далечниот источен дел на Сибир, температурите овој месец се спуштија на минус 60 степени Целзиусови, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Ојмјакон, познато како најстудено населено место на Земјата, живеат околу 500 жители, кои претежно се занимаваат со сточарство и риболов.
Студеното време негативно влијае на секојдневните животни услови на луѓето во тоа место.
Ојмјакон се наоѓа во источниот дел на Сибир, на брегот на реката Индигирка и припаѓа на областа Јакутија, а се наоѓа на само три степени од поларниот круг.