AP
13 Февруари 2018•Ажурирај: 13 Февруари 2018
МОСКВА (АА) - Истражувачите тврдат дека падот на рускиот патнички авион во кој загина 71 лице е веројатно предизвикан по грешка на пилотите, кои не го вклучиле греењето за опремата за мерење притисток, што довело до различни податоци за брзината, пренесува Anadolu Agency (AA).
Комитетот за меѓудржавна авијација денес соопшти дека по анализата на податоците од снимачот на податоци за време на летот, е утврдено дека до несреќата во неделата дошло бидејќи пилотите виделе различни податоци на двата индикатори за брзина на авионот.
До неточните индикатори за брзина дошло затоа што пилотите не го вклучиле уредот за греење на опремата за мерење притисок пред полетувањето.
Пилотите на авионот „Aн-148“, по полетувањето од московскиот аеродром „Домодедово“, го препуштиле управувањето на автопилотот, но се вратиле на рачно управување на леталото кога виделе различни податоци за брзина.
Авионот шест минути по полетувањето при полна брзина паднал на снежна ливада, при што загинаа сите 65 патници и шест членови на екипажот.