Ahmet Gençtürk
14 Април 2022•Ажурирај: 15 Април 2022
АНКАРА (АА) - Пожар избувнал на водечкиот брод на руската црноморска флота, воениот крстосувач „Москва“, соопшти руското Министерство за одбрана рано утринава, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Како резултат на пожар, муниција експлодира на ракетниот крстосувач „Москва“. Бродот е сериозно оштетен. Екипажот е целосно евакуиран“, се вели од Министерството.
Се додава дека причините за пожарот се истражуваат.
Синоќа, Максим Марченко, шеф на Регионалната воена управа на Украина во Одеса, рече дека украинската војска го погодила воениот брод со две противбродски проектили од класата „Нептун“, предизвикувајќи голема штета.
„Москва“ е водечки брод од класата на крстосувачи со наведувани ракети „Проект 1.164 Атлант“ во руската морнарица. Пуштен е во функција во 1983 година под името „Глори“. Во 1996 година, крстосувачот го доби своето сегашно име.
Вооружувањето на бродот вклучува противбродски ракети „Базалт“ и „Вулкан“, како и проектили за противвоздушна одбрана со долг дострел С-300.
Според проценките на Обединетите нации (ОН), најмалку 1.932 цивили загинаа, а 2.589 се повредени во Украина откако Русија ја започна војната против својот сосед на 24 февруари. Се стравува дека реалните бројки се многу поголеми.
„Повеќе од 4,6 милиони Украинци побегнаа во други земји, а над 7 милиони се внатрешно раселени“, соопшти Агенцијата за бегалци на ОН.