Elena Teslova
10 Април 2024•Ажурирај: 12 Април 2024
МОСКВА (АА) - Руски воен хеликоптер Ми-24 се урна над Црното Море, соопшти денес Министерството за одбрана на Русија, известува Анадолу.
„На 10. април околу 6:00 часот по московско време (5:00 средноевропско време) во текот на спроведување на планиран лет над водите на Црното Море во подрачјето на западниот брег на Крим, се урна хеликоптер од моделот Ми-24. Според првичните информации, причина за падот на хеликоптерот е технички дефект“, соопштија од руското Министерство.
Засега не е позната судбината на екипажот на хеликоптерот, а спасувачките тимови работат на местото на несреќата.
Ми-24 е голем јуришен и транспортен хеликоптер со мала носивост и простор за 8 патници.